27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Xiaomi 14“ ќе има премиера следниот месец?

„Xiaomi 14“ ќе има премиера следниот месец?

Познатиот технолошки блогер, „Digital Chat Station“ потврди на „Weibo“ дека „Xiaomi 14“ и „14 Pro“ ќе бидат лансирани во октомври, веднаш по објавувањето на „Snapdragon 8 Gen 3“.

Иако ова се инсајдерски информации, „Digital Chat Station“ има долга историја на добри најави (но и некои пропуштени), а новите информации ги потврдуваат претходните најави дека „Xiaomi 14“ ќе пристигне пред познатиот кинески празник, 11-ти ноември.

„Xiaomi 14“ е еден од телефоните што треба да се појават први со чипсетот „Snapdragon 8 Gen 3“, практика што „Xiaomi“ веќе ја имаше со премиерните чипсети на Qualcomm. Од друга страна, Qualcomm го закажа својот годишен настан на Хаваи за 24-26 октомври, кога се очекува и премиерата на новиот најсилен чипсет на оваа компанија.

Ова му одговара на „Xiaomi“, бидејќи тие се насочени кон 11-ти ноември, нивниот традиционален празник Денот на самците, кога обично има големи попусти. Дополнително, продажбата на „Xiaomi 13“ оди многу подобро од очекуваното, па магацините на овој модел се празни, а „Xiaomi 14“ доаѓа во вистинско време.

Инсајдерот исто така забележува дека матичната компанија очекува „Xiaomi 14“ да има подобра продажба од серијата „Xiaomi 13“, која ги надмина сите очекувања.

Како и „Xiaomi 13“, „Xiaomi 14“ се очекува да доаѓа со рамен екран, а „Xiaomi 14 Pro“ со поголем, заоблен екран. Инсајдерот забележува дека и двата телефони ќе пристигнат со три камери од 50 MP. Да потсетиме, „Xiaomi 13 Pro“ пристигна со таков систем, додека „Xiaomi 13“ дојде со систем од 50 + 12 + 10 MP.

Се очекува „Snapdragon 8 Gen 3“ да донесе сериозни подобрувања кога станува збор за перформансите, со нов распоред на јадрото (1+5+2) и брзо Cortex X4 prime јадро. Наспроти него, од аголот чекаат „Samsung Exynos 2400“ со своите 10 јадра и „MediaTek Dimensity 9300“, кој планира целосно да ги елиминира енергетски ефикасните јадра.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП