16 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВладивосток го чека Ким Џонг-ун

Владивосток го чека Ким Џонг-ун

Во руското пацифичко пристаниште Владивосток, жителите велат дека ѕвездите можеби се усогласиле за посета на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ун, додека американските власти стравуваат дека тоа би можело да доведе до повеќе испораки на оружје за руската војска во Украина.

Патувањето на Ким се уште не е потврдено.

Првпат беше објавено од Њујорк Тајмс (NYT), цитирајќи неидентификувани американски официјални лица, а јужнокорејската разузнавачка агенција соопшти дека тоа е можно.

Сепак, државните медиуми и во Северна Кореја и во Русија не се огласија.

Кремљ соопшти дека нема „ништо да каже“ по ова прашање, иако рускиот претседател Владимир Путин треба да зборува на економски форум оваа недела во Владивосток, на околу 6.500 километри источно од Москва.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП