7 мај, 2024
ПочетнаСВЕТНАТО ќе ја одржи најголемата воена вежба од Студената војна

НАТО ќе ја одржи најголемата воена вежба од Студената војна

Следната година НАТО ќе ја одржи најголемата воена вежба од Студената војна, која ќе собере повеќе од 40.000 војници кои треба да се обучуваат за реакција во случај Русија да ја прошири својата агресија на некоја од членките на Алијансата.

Вежбата Steadfast Defender треба да започне напролет следната година и, според „Фајненшл тајмс“, треба да вклучи меѓу 500 и 700 воздушни борбени мисии, повеќе од 50 бродови и околу 41.000 војници, соопштија претставници на НАТО.

Ова е, исто така, прва вежба за технички способности од ваков вид, каде што географските податоци од реалниот свет ќе се користат за создавање пореални сценарија за војниците.

Ќе биде вклучена и Шведска, чија кандидатура за членство во НАТО допрва треба да биде ратификувана од Турција и Унгарија, со што вкупниот број на вклучени земји ќе достигне 32.

ФТ вели дека вежбата ќе се одржи во Германија, Полска и балтичките земји во февруари и март и е дел од новата стратегија за обука според која воената алијанса ќе спроведува две големи вежби секоја година, наместо една. НАТО, исто така, ќе тренира за борба против терористичките закани надвор од неговите непосредни граници.

Генералниот секретар на Алијансата Јенс Столтенберг минатата година најави дека НАТО ќе го зголеми бројот на војници во состојба на готовност од 40.000 на над 300.000. „Ќе ги трансформираме силите за одговор на НАТО и ќе го зголемиме бројот на војници во состојба на готовност на над 300.000.

Балтичките земји беа доста гласни во повикот НАТО да го зајакне источното крило на алијансата, особено по трупањето на трупите на границата со Белорусија. За тоа придонесе и одлуката на рускиот претседател Владимир Путин да распореди нуклеарно оружје во Белорусија.

НАТО распореди мултинационални баталјони во балтичките земји за да го забави напредокот на кој било агресор во случај на инвазија. Во јуни, Германија соопшти дека трајно ќе задржи 4.000 војници во Литванија.

Вежбите, исто така, се сметаат за клучен дел за демонстрирање на Москва дека алијансата е подготвена да се бори, рекоа претставници на НАТО.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП