3 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗНајдобро е да се паркирате до Форд!

Најдобро е да се паркирате до Форд!

ford vrata

Кога ќе го паркирате вашиот автомобил во гаража или на некој друг јавен паркинг постои можност при враќањето да затекнете оштетување на возилото од удари на вратата од соседното возило. На пазарот веќе постои решение како ова да се спречи, а едно од најновите ги применува Форд на своите нови модели.

Системот кој Форд го претстави уште во 2011-та година, почна да се вградува во актуелните автомобили на овој производител. Едноставниот и функционален гумен тампон, наречен „Door Edge Protector“, е скориен во вратите и се активира при нивното отворање.

Идеата е, истовремено да се заштити вратата која се отвора, како и страничниот дел на соседното паркирано возило. Погледнете ја рекламата на Форд која е снимена на еден паркинг во Германија и која на забавен начин прикажува како овој систем функционира.

Иако на пазарот постојат евтини универзални облоги со кои може да се заштитат рабовите на вратата, сопствениците на автомобили ретко се одлучуваат да ги постават, пред се поради естетски причини. Пронајдокот на Форд го реши и тој проблем, затоа што тие се појавуваат само во мометот кога вратата се отвора.

Со оглед на практичноста на патентот, треба да се очекува и другите производители во иднина да воведат слични решенија, а ваквата заштита еден ден да ја има на поголемиот дел од новите автомобили.

Дотогаш ни преостанува да бидеме внимателни кога отвораме врата на тесните паркиралишта и да покажеме обзир едни спрема други, за меѓусебно да си ги сочуваме автомобилите од оштетувања. Или да се паркираме до некој нов Форд.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП