9 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНов протест против убиствата на Клиниката за онкологија

Нов протест против убиствата на Клиниката за онкологија

Во понеделник со почеток во 18 часот пред Владата, граѓаните повторно ќе излезат на протест за случајот со кражбата на лекови на Клиниката за онкологија.

Организаторите го најавија собирот на социјалните мрежи, а од владината зграда ќе продолжат да се движат кон Обвинителството, од каде ќе побарааат судска разрешница за сите инволвирани.

„Нашите барања и ултиматум од овој протест се: ОЈО да излезе со детали за текот на истрагата во рок од една недела; Истрага за инволвираноста на поранешниот министер Венко Филипче и директорот Нино Васев; Проширување на истрагата на работата на Детска онкологија; Целосна ревизија на работата на Клиниката за Онкологија; Правосилни судски пресуди за сите инволвирани во злосторството и криминалот на Онкологија; Вклучување на онколошки пациенти кои ќе имаат увид во самата истрага“, порачаа организаторите.

Апелираат до сите онколошки пациенти да ги контактираат за нивните искуства, за да придонесат во целосно разоткривање и одговорност на сите инволрвирани во скандалозното работење на Клиниката за онкологија.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП