2 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЛансирањето беше успешно, мисијата само што започна: Јапонија тргна по патот на...

Лансирањето беше успешно, мисијата само што започна: Јапонија тргна по патот на Индија и испрати вселенско летало на Месечината

Ракетата HII-A беше успешно лансирана во орбитата денеска, четврток, 7 септември, соопшти Јапонската агенција за воздушно истражување (JAXA). Таа со себе ги зеде сателитот XRISM и сондата SLIM во вселената, кои треба да слетаат на Месечината, наведува Phys.org.

И двете мисии се многу амбициозни. XRISM е вселенски спектроскопски телескоп со рендгенски зраци кој ќе се користи за проучување на формирањето на небесните тела, а се верува дека може да помогне и во решавањето на мистеријата за потеклото на универзумот, соопшти JAXA. Во соработка со американската агенција НАСА ќе го набљудуваат интензитетот на светлината на различни бранови должини, температурата на објектите во вселената, како и нивните форми и осветленост.

Дејвид Александар, директор на Рајс вселенскиот институт на Универзитетот Рајс во Тексас, изјави за Phys.-org дека мисијата е важна за проучување на својствата на топлата плазма, или загреаната материја, која го сочинува најголемиот дел од универзумот.

– Разбирањето на дистрибуцијата на оваа жешка плазма низ просторот и времето, како и нејзиното динамично движење, ќе фрли нова светлина врз различните појави од црните дупки, преку развојот на хемиски елементи и формирањето на јата галаксии – рече тој.

Освен телескопот, јапонската ракета носи и SLIM, чие име значи „Паметна сонда за истражување на Месечината“. Ќе стигне само во лунарната орбита за три или четири месеци, а JAXA нема да се обиде да слета до почетокот на следната година. Ако овој потфат биде успешен, Јапонија ќе стане само петтата земја која успешно слетала вселенско летало на Месечината. Досега тоа го направија СССР, САД, Кина и Индија. Исто така, во тек е и еден вид нова вселенска трка поврзана со истражување на Месечината, па и Америка и Кина најавија испраќање човечки екипажи до крајот на деценијата.

Според официјалниот претставник на JAXA, Шиничиро Сакаџи, агенцијата развива попрецизна технологија за слетување на сонди на Месечината. SLIM треба да може да се спушти до максимум 100 метри од предвидената точка за слетување.

SLIM е мало летало висок 2,4 метри, долг 2,7 метри и широк 1,7 метри. За време на полетувањето тежеше 700 килограми, но речиси 70 отсто од неговата тежина е гориво. Ќе лета до Месечината доста долго, помеѓу три и четири месеци, а потоа ќе помине околу еден месец во орбитата подготвувајќи се да слета во кратерот Шиоли, според Space.com.

SLIM носи две мини-сонди, кои ќе бидат исфрлени на површината на Месечината по слетувањето. Тие ќе му помогнат на тимот на Земјата да го следи статусот на големата сонда, да ја фотографира околината и да обезбеди директна комуникација.

Јапонија веќе испрати сонда наречена ОМОТЕНАШИ на Месечината, но таа не успеа безбедно да слета. Освен тоа, во април се распадна и лунарната сонда на приватната јапонска компанија „Ispace“.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП