3 мај, 2024
ПочетнаИНТЕРЕСНОJунајтед не ризикува, нов договор за Јанузај

Jунајтед не ризикува, нов договор за Јанузај

januzaj

Иако Мојс истакна дека во Јунајтед не резмислуваат за договорот на Јанузај, од извори блиски до врвот на клубот пристигнуваат други информации.

Имено, Манчестер Јунајтед во текот на викендов доби и официјална потврда за квалитетот и талентот кој го поседува младиот 18-годишен Аднан Јанузај.

Ова младо момче го спаси својот тим и донесе пресврт во победата над Сандерленд. Со својата игра тој ги воодушеви, тренерот, соиграчите, навивачите и комплетната фудбалска јавност.

Исто така тој го привлече вниманието за својот нерешен статус. Јанузај има договор кој истекува наредното лето, па „ѓаволите“ несакаат да им се повтори случајот со Пол Погба.

Јанузај веќе некое време го следи Манчестер Сити, но и уште неколку европски великани, но Јунајтед ги научи грешките.

Па поради тоа и се појавија информациите од Англија дека раководството на клубот веќе подготвува план и пакет понуда за младиот фудбалер, се со цел да го осигураат неговото останување на „Олд Трафорд“.

Се вели дека Јанузај ќе добие нов четиригодишен договор вреден околу 50 илјади фунти неделно, што секако е значајна сума за еден млад тинејџер и го надминува вообичаеното работење на Јунајтед кога младите фудбалери се во прашање.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП