5 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАНа пазарите се продава лажен мед за 250 денари – не си...

На пазарите се продава лажен мед за 250 денари – не си ги трошете парите бадијала!

Еден килограм природен мед годинава се продава од 1.000 до 1.200 денари, а цената варира зависно од кој регион на Македонија купувате. Но, на пазарските тезги во главниот град сè уште можеме да сретнеме трговци кои продаваат килограм мед за смешни 250 денари.

Екипата на Денар забележа таков пример на пазарот во Ѓорче Петров, а теглите со „багремов“ природен мед ги продаваше повозрасен господин, кој ни тврдеше дека медот е 100% природен.
„Потребен ни е за лек за мало дете. Дали навистина е природен? Не би сакале да се лажеме“. Со овие зборови му пристапивме на трговецот, кој без да се размислува започна да нè убедува дека медот е природен и дека му го носат од Куманово.

На прашањето зошто цената е толку ниска ако се земе предвид дека природниот мед веќе достигна цена и од 20 евра за килограм, тој немаше одговор, туку само ни го ја повтори својата мантра: „купете, пробајте, ќе се уверите“.

Решивме да потрошиме 250 денари и купивме една тегла. Кога ја отворивме, течноста внатре дури и да не наликуваше на мед, а немаше ни мирис на мед.

Прелистувајќи ги Фејсбук групите за здрава храна, сфативме дека не сме единствените кои успеал да ги прелаже слаткоречивиот трговец на пазарот во Ѓорче Петров.

Извесен Сашо Петровски се жали дека залудно си ги потрошил парите за мед, а всушност добил шербет во тегла.

„Минатата недела купив мед од пазарот во Ѓорче Петров. Видов еден постар чичко дека продава тегли со мед на тезгата со зеленчук, а врз теглите имаше залепено ливче: ‘природен багремов мед’. Мора да признаам дека медот изгледаше многу добро. Продавачот ми рече дека тоа е природен домашен мед, кој го произведуваат неговите пчели на неговата фарма во Куманово. Тој ми рече дека цената на една тегла од еден килограм изнесува 250 денари. Се излажав некако и купив една тегла, а кога стигнав дома сакав да го пробам медот и да го намачкам на леб со путер. Но, кога ја отворив теглата забележав дека медот не изгледа како што треба да изгледа. Тој беше премногу течен и немаше никаква текстура. Кога го вкусив, почувствував дека тој нема никаков вкус на багрем, туку само на шеќер. Медот беше премногу благ и немаше арома. Веднаш сфатив дека не е вистински мед, туку лажен кој содржи шеќерен сируп. Продавачот ме измами, ама следниот пат ќе му ја треснам теглата пред тезгата. Се прашувам, како ли може човек од над 70 години да лаже и да биде толку расипан?“, напиша Петровски.

Инаку, без лабораториска анализа не може да се утврди дали медот содржи додаден шеќер. За да се утврди дали медот ги исполнува пропишаните параметри за квалитет, односно дали во медот се додадени шеќери, потребно е инспектор да земе примерок во текот на инспекциската постапка и да го испрати примерокот на лабораториска анализа во овластена лабораторија.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП