1 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗSsangYong подготвува ривал на Јuke

SsangYong подготвува ривал на Јuke

snag nova

Корејската компанија „SsangYong“ има во план на саемот за автомобили во Женева наредната година да го претстави својот нов модел. Станува збор за компактниот кросовер кој би можел да се натпреварува со моделот „Nissan Juke“.

Според информациите во Женева ќе биде прикажан само прототип на споменатиот модел. Сепак, производната верзија нема да дебитира пред 2015-та година.

Прототипот на овој модел ќе биде базиран на концептниот мал кросовер модел кој „SsangYong“ го прикажа во 2011-та година под името „XIV-1“.

Овој кросовер ќе биде направен на новата платформа и ќе добие нов 1.6L мотор, при што ќе бидат достапни бензински и дизел мотори со иста зафатнина.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП