2 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗЦелосен пресврт, „Mercedes“ ја покажа новата „CLA“ (ФОТО/ВИДЕО)

Целосен пресврт, „Mercedes“ ја покажа новата „CLA“ (ФОТО/ВИДЕО)

Германскиот производител го претстави концептот на идна електрична компактна купе-лимузина.

Како и досега, „CLA“ и понатаму е елегантно купе со четири врати. Но, со оглед на тоа дека се работи за концепт, автомобилот доби голем број екстравагантни решенија.

Покрај новата интерпретација на предниот дел со осветлена маска и голем амблем, тој носи и целосно нов потпис на „LED“ фаровите.

А кога станува збор за „LED“ осветлувањето, „Mercedes“ направи нов чекор напред. Осветлената лента сега речиси целосно го опкружува автомобилот.

Сето ова е надополнето со атрактивно моделирани алуминиумски тркала со дијаметар до 21 инчи, целосно заоблен заден дел од возилото и, како дополнение, целосно проѕирен стаклен покрив.

Минимализмот доминира во кабината, каде што има место само за дигитални екрани. Ги има пет, и сите се споени во една целина.

Екраните се и во кружните отвори за вентилација, а од „Mercedes“ велат дека подготвиле нов оперативен систем со чип „NVIDIA“ кој се лади со вода.

Концептот „CLA“ ја користи модуларната механичка платформа „MMA“ како основа. Планирани се две различни батерии, литиум-железо-фосфат и супериорна со силициум оксид анода.

Земајќи ја предвид потрошувачката од одличните 12 kWh/100 km, „Mercedes“ наведува дека овој автомобил може да помине над 750 km со едно полнење. А технологијата од 800 волти носи можност за полнење со моќност до 250 kW.

Перформансите не се објавени, но познато е дека електромоторот произведува 238 ks и тежи само 110 килограми. Токму погонот ќе биде основата на идниот компактен електричен „Mercedes“.

По концептот, најавени се четири компактни сериски модели, купе-лимузина, „shooting brake“ (спортски караван) и два теренци.

Ако на тоа се додаде сложениот систем за автономно возење на ниво 2, јасно е дека „Mercedes“ повторно ја крева рампата и тоа во најнискиот сегмент во кој е присутен.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП