27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАЕве како изгледа новата рачна гејмерска конзола на пазарот! (ВИДЕО)

Еве како изгледа новата рачна гејмерска конзола на пазарот! (ВИДЕО)

„Lenovo“ се приклучи на зголемениот број производители кои вклучија конзола за игри во својата понуда.

„Legion Go“ е нивниот прв уред од ваков вид и ќе биде достапен од октомври оваа година, со почеток од 699 американски долари.

Црниот уред со контролери е со димензии 299 на 131 на 41 милиметар и тежи 854 грама. Изгледа како комбинација од „Nintendo Switch“ и „Asus ROG Ally“.

Опремен е со екран од 8,8 инчи (22,3 сантиметри) со QHD Plus резолуција (2.560 x 1.600 пиксели), со брзина на освежување до 144 Hz и осветленост до 500 nits.

Под „хаубата“ се наоѓа процесорот „Ryzen Z1 Extreme“ на „AMD“, поддржан од графички чип „AMD RNDA“ и работна меморија од 16 гигабајти и складирање податоци до еден терабајт.

За автономија е одговорна батеријата со капацитет од 49,2 Wh, која поддржува брзо полнење.

Контролорите може да се одвојат. Има два звучници, моќност од два пати два вати и микрофон.

Што се однесува до конекциите, има аудио влез од 3,5 mm за слушалки и слотови за USB-C 4.0 (два пати) и мемориска картичка microSD, со капацитет до два терабајти.

За безжично поврзување, може да сметате на Wi-Fi 6E (802.11 ax) и најмалку Bluetooth 5.2.

Се напојува со оперативниот систем „Windows 11 Home“. Интересно е што „Microsoft“ не беше вклучен во развојот на оваа гејмерска конзола.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП