2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАИндустријата во минус, а фабриките неатрактивни за вработување!

Индустријата во минус, а фабриките неатрактивни за вработување!

Индустријата со намалено производство, производите со пониски цени, а фабриките се помалку атрактивни за вработување на граѓаните. Ова се трите клучни информациите од извештаите на Државниот завод за статистика кои се однесуваат на состојбите со индустријата во Македонија.

Податоците кои се објавени се за месец јули, а тие покажуваат дека во споредба со истиот период лани производството во индустриските капацитети е намалено за речиси два отсто. Индустриските производи се поскапи за 0,5 отсто на месечно и за 0,2 отсто на годишно ниво. Што се однесува до работниот кадар, во време на огромна побарувачка на работници, во индустријата растот на вработени изнесува само 0,4 отсто.

Најновите податоци кои ги објавија статистичарите покажуваат дека во јули годинава во однос на јули лани на удар е рударскиот сектор, индустриското производство во оваа дејност бележи сериозно опаѓање од 13,5 отсто. Во негатива е и преработувачката индустрија од 1,2 отсто. А раст на производството има кај снабдувањето со електрична енергија, гас, пареа и климатизација од близу девет отсто. Она што загрижува е намалувањето на производството на храна, потоа помалку се произведуваат тутунски производи, има пад и во производството на текстил, облека како и се намало е производството на фармацевски производи.

„Според главните индустриски групи, производството во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 28.0 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 6.1 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 1.8 %, Трајни производи за широка потрошувачка за 18.9 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 13.8 %. Индексот на индустриското производство во периодот јануари − јули 2023 година, во однос на периодот јануари − јули 2022 година, изнесува 101.0.“ се наведува во извештајот на ДЗС.

Во време кога најголемиот проблем на економиите во светот е недостатокот на работен кадар, во земјава бројот на работници кои се вработени во индустријата стагнира. Тоа го потврдува извештајот на статистика каде меѓу другото се наведува дека освен намаленото производство во рударскиот сектор се намалил и бројот на работници за речиси три отсто. Во преработувачката индустрија има незначително зголемување од речиси еден отсто на бројот на вработени, а и покрај големото зголемување на производството во секторот снабдување со енергија, бројот на вработени во истиот период е намален за над четири отсто.

„Според главните индустриски групи, бројот на работниците во индустријата во јули 2023 година, во однос на јули 2022 година, бележи пораст кај Капитални производи за 12.3 %, додека опаѓање бележи кај Енергија за 5.0 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 3.7 %, Tрајни производи за широка потрошувачка за 5.4 % и Нетрајни производи за широка потрошувачка за 2.7 %. Индексот на бројот на работниците во индустријата во периодот јануари − јули 2023 година, во однос на периодот јануари − јули 2022 година, изнесува 100.8.“ се наведува во извештајот на ДЗС.

Во однос на продажните цени, податоците велат дека производите на индустриските производи на домашниот пазар бележат намалување од 0,5 отсто на месечно и за 0,2 отсто на годишно ниво. Намлување на цените има во пониските Енергија за 1,4 отсто, Интермедијарни производи за 1,1 отсто, како и кај Капиталните производи за речиси половина процент.

Во јули 2023, во споредба со јули 2022 година, продажните цени на производителите на индустриски производи на домашниот пазар се пониски во групите Енергија за 10.4 %, Интермедијарни производи, освен енергија за 7.1 % и Капитални производи за 5.2 %, стои во извештајот на ДЗС.

Овие податоци се потврда дека на економијата не и оди најдобро во година кога целото стопанство требаше да закрепнува. Од владата веќе најавуваат дека ќе има ревидирање на економскиот раст за 2023 година. Од првичните 2,9 отсто, Бруто домашниот производ сега се очекува да падне на 2,5 отсто.

И.П

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП