30 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАiPhone 5C веќе за половина цена

iPhone 5C веќе за половина цена

Mila Thomas

Само две недели откако „Apple“ го пушти во продажба „iPhone 5C“ во САД по цена од 99 долари, се појавија бројни акции на кои овој смартфон може да се купи за 50 долари и помалку.

Првата промотивна акција ја организираше „Best Buy“ на 3-ти октомври, нудејќи им го на купувачите „iPhone 5C“ за 50 долари, а потоа сличен потег превземаа и „RadioShack“ и „Walmart“.

„Walmart“ и претходно ја намали продажната цена на овој телефон на 79 долари, а веќе на 5-ти октомври „iPhone 5C“ кај нив можеше да се купи за 45 долари. Дополнителен попуст ќе биде воведен и пред сезоната на претстојните празници.

Сите овие промотивни цени важат до одредени датуми, со задолжителен двегодишен договор со дополнителен интернет пакет.

„iPhone 5C“, кој во продавниците на „Apple“ ширум САД, се уште може да се купи за 99 долари со двегодишен договор или 549 долари без договор. Продажбата на телефонот „5C“ до крајот на годината ќе биде под очекувањата и далеку зад продажбата на поскапата верзија „5S“ која нуди побрз процесор, подобра камера и сензор за отпечаток на прстот. Поради тоа споменатите промотивни акции не би требало да ги чудат бројните купувачи.

„Apple“ претходно соопшти дека само во текот на првата недела биле продадени повеќе од девет милиони примероци од моделите „5S“ и „5C“ заедно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП