2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЗеленски одлучи да го смени министерот за одбрана: Рустем Умеров наместо Олексеј...

Зеленски одлучи да го смени министерот за одбрана: Рустем Умеров наместо Олексеј Резников

Претседателот на Украина Володимир Зеленски соопшти дека донел одлука да го разреши министерот за одбрана Олексеј Резников. Тој изјави дека ќе побара од парламентот да го замени Рустем Умеров, шеф на украинскиот фонд за приватизација, пренесува Ројтерс.

Тоа ќе биде најголемата промена во украинскиот одбранбен естаблишмент од почетокот на руската инвазија на Украина во февруари 2022 година.

Олексеј Резников, кој беше назначен за министер за одбрана во ноември 2021 година, помогна во обезбедувањето милијарди долари помош од Западот, но беше оптоварен со обвинувања за корупција, кои тој ги негира.

„Одлучив да го разрешам министерот за одбрана на Украина. Резников мина повеќе од 550 дена целосна војна. Верувам дека на министерството му требаат нови пристапи и различни формати на интеракција и со армијата и со целото општество“, рече Зеленски во видео-обраќање во текот на ноќта.

Промената на министерот мора да биде одобрена од парламентот, но најверојатно мнозинството пратеници ќе го поддржат потегот, пишува Ројтерс.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП