8 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДенес ќе се одржи „Протест против организираните убиства на Онкологија“

Денес ќе се одржи „Протест против организираните убиства на Онкологија“

По објавите на неделникот „Фокус“ дека на пациентите им биле давани физиолошки раствори, а скапите лекови против канцерогинете заболувања завршувале на црниот пазар, денеска ќе се одржи протест пред владата. Насловен е како „Протест против организираните убиства на Онкологија“ преку кој одговорност ќе се бара од владините функционери, подеднакво како и од работниците во најнискиот ешалон на Клиниката.

Скандалот со кражбата на лекови на Онкологија не смее да помине неказнето и повторно само кабелот да биде виновен!“, стои во објавениот повик на социјалните мрежи.

Организаторите на протестот, кои не се посочени во објавата, велат дека нема да прифатат одговорност само од најнискиот ешалон на Клиниката туку дека ќе бараат кривична одговорност за владините функционери.

„Бараме одговорност од министрите Венко Филипче, Беким Сали и Фатмир Меџити. Бараме одговорност од замениците-министри за здравство Илир Хасани и Маја Манолева. Бараме одговорност од поранешната директорка на Државниот санитарен и здравствен инспекторат Ирина Сотирова-Бухова и актуелната директорка Рената Младеновска“, стои во објавата.

За случувањата на Онкологија денес зборуваше и премиерот Димитар Ковачевски. Како многумина други политичари изминатово деноноќие, и тој од лично име и од име на Владата даде целосна поддршка на акцијата на Министерството за внатрешни работи и на Обвинителството од кои очекува да ги идентификуваат оние кои правеле криминал на Клиниката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП