30 април, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНеверојатно видео на Панамскиот канал: Стотици бродови чекаат во ред, глобалната трговија...

Неверојатно видео на Панамскиот канал: Стотици бродови чекаат во ред, глобалната трговија на удар

Голем број бродови чекаат да поминат еден од клучните светски поморски премини, кој ги спасува бродовите од патување илјадници километри, Панамскиот канал. Сепак, ниското ниво на вода доведе до намалување на капацитетот на почетокот на оваа година, а превозниците продолжуваат да се соочуваат со повеќемесечни ограничувања на пловењето.

Имено, Панамскиот канал е долг 65 километри и низ него минува 6 отсто од светската поморска трговија. Ги поврзува Атлантскиот и Тихиот океан, а неговата изградба значително го скратува патувањето меѓу двата океани.

Само минатата година преку каналот поминале повеќе од 14.000 бродови, пренесува Abc.net.

Најчесто тоа се контејнерски бродови кои превезуваат повеќе од 40 отсто од стоките за широка потрошувачка што се тргува меѓу североисточна Азија и источниот брег на Соединетите Американски Држави.

Иако Панама е една од највлажните земји во светот, феноменот Ел Нињо придонесува за продолжена суша.

Според Институтот за тропски истражувања Смитсонијан (STRI), врнежите се околу 30 до 50 проценти под нормалата, а областа околу каналот доживува една од двете најсушни години во 143-те години во земјата.

Како сушата влијае на бродовите?

Превозниците се принудени да го симнат товарот или да размислуваат за алтернативни рути за да се усогласат со ограничувањата наметнати од Управата на Панамскиот канал.

Владината агенција ја намали максималната тежина на бродовите и количината на оние кои секојдневно минуваат низ каналот.

– Секогаш кога таму поминува брод, троши околу 80 олимписки базени вода и сето тоа излегува од езерото – изјави експерт за поморска логистика.

Тој додава дека поради сушата водата во моментов не се надополнува.

Сопствениците на бродови имаат можност да пренесат помалку товар, да додадат илјадници километри на своето патување или да се борат со редици, кои достигнаа 160 бродови на почетокот на овој месец, одложувајќи го пристигнувањето на некои на нивната крајна дестинација за дури 21 ден.

Управата на Панамскиот канал неодамна отвори уште два премини дневно за бродови кои немаат приоритет на премин, како што се контејнерските бродови, а оваа недела заостанатиот број е намален на 115 бродови.

Ограничувањата се очекува да останат во сила најмалку уште 10 месеци.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП