3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИЕвропска авиокомпанија воведува дел „само за возрасни“: Просторот ќе биде резервиран за...

Европска авиокомпанија воведува дел „само за возрасни“: Просторот ќе биде резервиран за деловни луѓе на кои им треба мир

Европската авиокомпанија Corendon Airlines воведува дел само за возрасни на еден од своите меѓународни летови.

Делот „само за возрасни“ е наменет за деловни патници и други патници кои патуваат без деца, велат од превозникот.

Атилај Услу, основач на компанијата, изјави дека тоа е првата турско-холандска авиокомпанија што воведува ваков дел и дека се обидува да привлече „патници кои бараат дополнителен мир за време на летот“.

Специјални седишта во авионот ќе бидат сместени во предниот дел на авионот и ќе има вкупно девет со дополнителен простор за нозете. Ќе има и 93 редовни места. Делот ќе биде целосно одделен од остатокот од авионот со ѕидови или завеси, додаваат тие.

Патниците ќе треба да имаат најмалку 16 години за да резервираат билет во овој дел. Стандардните седишта ќе ги чинат патниците 45 евра за билет во еден правец, додека екстра големите седишта на оваа авиокомпанија ќе бидат 100 евра.

Услу наведува и дека оваа вест има „позитивно влијание врз родителите кои патуваат со мали деца“. Нема да мора толку да се грижат за можните реакции на сопатниците, доколку детето стане нервозно или плаче.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП