5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПоевтината нафта го намали профитот на „Роснефт“

Поевтината нафта го намали профитот на „Роснефт“

Во првите шест месеци од годината, приходите на „Роснефт“ од продажба на нафта паднаа за 25% на 3,86 трилиони рубљи (41 милијарда долари), објави компанијата во својот финансиски извештај.

Ова ја намали заработката пред камати, даноци и амортизација (EBITDA) за 5,1% на 1,4 трилиони рубли.

Во текот на шесте месеци, дневното производство на најголемата руска нафтена компанија достигна 4 милиони барели дневно. Во вториот квартал тие се намалија на 3,9 милиони барели, што е дел од политиката што ја води ОПЕК+ за одржување на цената на нафтата.

„На овој или оној начин, „Роснефт“ го намалува производството на сурова нафта од 2017-та година. Тоа не ѝ дозволува на компанијата целосно да го развие својот потенцијал“, коментираше шефот на нафтениот гигант Игор Сечин, цитиран од прес-центарот на компанијата.

Одлуката за создавање на ОПЕК+ беше донесена во септември 2016-та година. Членки на организацијата се земјите од ОПЕК и Русија. Земјата неодамна го престигна лидерот во производството, Саудиска Арабија.

Според податоците на руското Министерство за финансии, просечната цена на руската нафта од Урал порасна на 70,33 долари за барел, што е над ценовниот плафон поставен од Европската унија, Г-7 и Австралија (60 долари за барел).

Во август „Роснефт“ ја изврши последната исплата на дивиденда за минатата година. Компанијата им исплати на своите акционери повеќе од 190 милијарди рубљи.

Од извештајот на компанијата е видливо дека во периодот јануари-јуни 2023-та година, производството на гас на „Роснефт“ се зголемило за речиси 32% на 44 милиони кубни метри дневно. Но, во вториот квартал од годината производството на гас е намалено за 9 отсто, што се објаснува со ограниченото производство на нафта.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП