2 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАДали само рецесијата е спас на западните економии од инфлацијата?

Дали само рецесијата е спас на западните економии од инфлацијата?

Западните економии можеби нема да можат да ја избегнат инфлацијата без да паднат во рецесија бидејќи нивните пазари на труд се премногу затегнати. Со тоа се согласува и стратегот на „JP Morgan Asset Management“, Карен Вард.

Говорејќи за „Bloomberg Television“, поранешниот економист на Банката на Англија, кој е советник на британскиот министер за финансии, рече дека таквиот исход е веројатен бидејќи регулаторите ќе мора да ги задржат високите трошоци за задолжување.

„Пазарите се приврзаа на идејата дека можеме да го одржиме растот на запад, а сепак сите овие инфлациски притисоци сами ќе исчезнат и централните банки ќе можат да преминат од затегнување до олеснување. За жал, мислам дека тоа ќе бара такво слабеење“, елаборираше таа.

Поддршка на тие заклучоци беа некои коментари на Симпозиумот на Федералните резерви во Џексон Хол минатата недела, каде претставниците на регулаторите, вклучувајќи го и претседателот на ФЕД, Џером Пауел, ја истакнаа потребата од одржување на цврста монетарна политика.

„Пораката од сите нив на различни начини беше дека не сме уверени дека работата е завршена, не сме уверени дека одржливо се враќаме на 2 проценти. Додека не биде навистина јасно дека активноста го ослабува пазарот на трудот, дека притисоците на платите се намалуваат, не можеме да бидеме убедени дека се вративме на 2 проценти. Така, тоа не остава во свет на повисоки каматни стапки подолго“, додаде таа.

И додека гувернерката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард и Пауел не дадоа многу насоки за нивните следни чекори, секој сигнализираше загриженост за цените.

„Двете страни се прилично загрижени за инфлациските притисоци кои сè уште произлегуваат од пазарот на трудот, рекордно ниската невработеност и оттаму останувањето висок раст на платите – и како што Лагард ја нарече, инфлацијата „око за око. Мислам дека тоа е апсолутно точно“, коментира Вард.

„Мислам дека веројатноста за рецесија е сè уште висока. Ова ќе нѐ извлече од инфлацијата“, додаде Вард.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП