4 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАЕкономската доверба во еврозоната е на најниско ниво од крајот на 2020-та

Економската доверба во еврозоната е на најниско ниво од крајот на 2020-та

Економската доверба во еврозоната го достигна најниското ниво од крајот на 2020-та година поради послабата доверба меѓу потрошувачите, услужниот сектор и менаџерите во малопродажбата и градежништвото. Ова се наведува во податоците од месечната анкета на Европска комисија.

Индексот на економската доверба падна повеќе од очекуваното на 93,3 поени од 94,5 поени пред еден месец. Ова беше најниско ниво од ноември 2020-та година, кога индексот беше 92,3 поени. Очекувањата беа за 93,7 поени.

Индексот на индустриска доверба падна на -10,3 поени во август од -9,3 поени во претходниот месец, што е најслабо читање од август 2020-та година.

Индексот на доверба во услугите беше 3,9%, што е намалување од 5,4% во јули.

Додека испитаниците се попесимисти за идната финансиска состојба на домаќинствата и за општата економска состојба, конечниот индекс на довербата на потрошувачите се намали на -16 поени во август во споредба со -15,1 поени еден месец претходно.

Поради влошените оценки за минатите деловни состојби и обемот на залихи за кои се верува дека е над нормалното ниво, довербата кај трговците на мало се намали во август, откако се подобри минатиот месец.

Индексот се намали на -5 поени во однос на -4,5 поени во јули.

Довербата во градежништвото го продолжи својот надолен тренд, како одраз на влошените проценки за нивото на нарачки и очекувањата за вработување. Индексот се намали на -5,2 поени во однос на -3,6 поени во претходниот месец.

Индикаторот за вработеност падна на најниско ниво од април 2021-ва година (102,1 поени) поради помалку оптимистичките планови за вработување во услужните и градежните сектори и особено кај менаџерите на мало, се вели во истражувањето.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП