3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГејтс ја гледа иднината во месото од растително потекло

Гејтс ја гледа иднината во месото од растително потекло

Во подкастот „Unconfuse me“, мултимилијардерот Бил Гејтс повторно проговори за, како што рече, скриеното влијание на месото врз животната средина и во таа прилика изјави дека верува оти иднината е во месото од растително потекло.

Тој смета дека повеќето луѓе не знаат како земјоделството придонесува за климатските промени, особено кога станува збор за емисиите на метан од добитокот и ѓубривата.

Тој разговараше за влијанието на земјоделството врз животната средина со музичарот и режисер Ахмир Томпсон, познат како Questlove, кој исто така инвестираше во неколку стартапи за храна од растителна основа. Меѓу овие стартапи се компаниите Impossible и NotCo.

Questlove му рекол на Гејтс дека Impossible прави бифтек од растително потекло, кој е омилен на поранешниот американски претседател Барак Обама. Questlove истакна дека го освоил фактот што храната од растителна основа има вкус на вистинско месо.

Земјоделството сочинува 24 отсто од вкупните светски емисии на стакленички гасови. Според податоците на Агенцијата за заштита на животната средина на Соединетите Американски Држави, главно се работи за емисии на метан од добиток и ѓубрива.

Повеќето стакленички гасови, вклучувајќи го и метанот, се произведуваат за време на производството на говедско месо. На глобално ниво, од 99 грама говедско месо се ослободуваат 50 килограми стакленички гасови. Гејтс напиша во 2018 година: „Да беа говедата држава, тие ќе беа третиот најголем испуштач на стакленички гасови“.

Во својата книга од 2021 година, Како да се избегне климатска катастрофа, тој напиша дека ефикасната борба против климатските промени ќе значи да се биде подготвен да се посвети на нови работи, како што се електрични возила и синтетичко месо.

Во тоа време, тој тврдеше дека богатите земји имаат ресурси потребни за да се префрлат на 100 проценти синтетичко говедско месо. Тој е на мислење дека вкусот на ова месо постојано ќе се подобрува.

Месото од растително потекло сочинува мал дел од вкупниот пазар на месо. Гејтс е свесен дека ќе биде тешко да ги убеди луѓето да престанат да јадат вистинско месо. Една од причините зошто е тоа така е што месото од растително потекло е поскапо од вистинското месо. Затоа преку својата фондација поддржува стартапи за одгледување на растително и лабораториско месо.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП