6 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЕдно лансирање и Англија повеќе ја нема! Паника во Британија поради Сатана-2

Едно лансирање и Англија повеќе ја нема! Паника во Британија поради Сатана-2

Генералниот директор на Роскосмос, Јуриј Борисов, изјави дека стратешкиот ракетен систем „Сармат“ влезе во борбена должност.

Стратешкиот комплекс „Сармат“ е ставен на борбена должност“, рече тој за време на маратонот „Сподели го своето знаење“.

Незапирливиот нтерконтинентален ракетен систем од 25.270 километри на час, кај Русите познат како „Сармат“, е со големина на кула од 14 ката.

Претходно се претпоставуваше дека првиот Сармат ќе биде на борбена должност на крајот на 2022 година – за ова зборуваше Владимир Путин на средба со дипломирани студенти на повисоки воени институции.

Шефот на државата во февруари 2023 година најави дека комплексот „со нова тешка ракета“ наскоро ќе биде подготвен за употреба.

„Сармат“ е стратешки ракетен систем со интерконтинентална балистичка ракета од тешка класа на течно гориво, тежината на една таква ракета надминува 200 тони. Комплексот е дизајниран да ги замени ракетите Воевода во служба на Стратешките ракетни сили.

Русите се пофалија дека еден удар може да ја потоне Британија под морето.

Сепак, неговата имплементација – ако потегот е реален – доаѓа по само едно докажано пробно лансирање.

Путин пред девет месеци се закани: „Во блиска иднина „Сармат“ за прв пат ќе биде ставен на борбена должност.

– Знаеме дека ќе има одредено доцнење во времето, но тоа не ги менува нашите планови – се ќе биде направено – изјави тогаш Путин

-Во блиска иднина ќе бидат ставени на борбена должност првите лансирни рампи Сармат (Сатана-2) со новата тешка ракета – се пофали Путин во јуни.

Армагедоновото оружје може да биде наполнето со повеќе нуклеарни боеви глави.

Дмитриј Кисељов – исто така заменик-шеф на компанијата што го води државниот канал „Русија 1“ – и се закани на Британија како одмазда за коментарите што тогашниот премиер Борис Џонсон, наводно, ги дал за нуклеарниот напад врз Русија.

– Островот е толку мал што е доволна една ракета „Сармат“ еднаш засекогаш да го удави – рече Кисељов.

-Руската ракета Сармат (Сатана-2), најмоќната во светот, е способна да уништи област со големина на Тексас или Англија. Едно лансирање, Борис и Англија ја нема. „Еднаш засекогаш“ – рече Кисељов

Првиот и единствен познат целосен тест на Сатана-2 беше најавен со голема помпа веднаш штом се одржа на 20 април 2022 година, со Путин во контакт преку видео врска.

Лансирањето на Сатана-2 во силосот беше од космодромот Плесецк.

Следниот месец, поранешниот шеф на Роскосмос, Дмитриј Рогозин, рече дека скоро 50 масовно произведени ракети Сатана-2 наскоро ќе бидат на борбена должност.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП