30 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИМакедонски Телеком ќе исплати дивиденда 19,34 денари бруто по акција за 2022...

Македонски Телеком ќе исплати дивиденда 19,34 денари бруто по акција за 2022 година

Собранието на Македонски Телеком АД – Скопје, на својата годишна седница одржана на ден 30.05.2023 година, ја усвои Одлуката за исплата на дивиденда на Друштвото за 2022 година и утврдување на дивиденден календар.

Согласно со Одлуката на Собранието, Македонски Телеком АД – Скопје ве информира за следново:

  • Дивидендата за 2022 година се утврдува во вкупен бруто износ од 1.667.793.739,00 денари или бруто износ од 19,34 денари по акција (заокружено на две децимали), во кој се вклучени сите даноци, каде што е применливо, и кои ќе бидат задржани и платени од бруто дивидендата согласно со важечката даночна регулатива во Република Северна Македонија на датумот на исплатата.
  • Сите акционери кои се евидентирани во Книгата на акционери на Македонски Телеком АД – Скопје на 14.07.2023 година имаат право на дивиденда за 2022 година. Последен ден на тргување со право на дивиденда за 2022 година е 12.07.2023 година, додека прв ден на тргување без право на дивиденда за 2022 година е 13.07.2023 година.
  • Исплатата на дивидендата за 2022 година ќе започне на 28.09.2023 година.

Начин на исплата на дивиденда кон акционерите со право на дивиденда за 2022 година:

За физички лица – резиденти на Република Северна Македонија

Исплатата на дивиденда кон физички лица – резиденти на Република Северна Македонија, ќе се врши на трансакциските сметки, доколку истите сѐ уште се активни, а на кои согласно евиденцијата на Македонски Телеком АД – Скопје им е исплатена дивиденда минатата година.

Новите акционери, физички лица – резиденти на Република Северна Македонија како и акционерите кои сакаат дивидендата да им биде исплатена на трансакциска сметка различна од минатата година или пак трансакциската сметка повеќе не им е активна, се повикуваат да достават податоци за активна трансакциска сметка и копија од лична карта најдоцна до 13.09.2023 година по e-mail на [email protected]  или по пошта на следнава адреса:

Македонски Телеком АД – Скопје
Со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци
„Кеј 13-ти Ноември“ бр. 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефон за контакт: +389 70 200 919 /+389 71 200 553

За правни лица – резиденти на Република Северна Македонија и правни и физички лица – странски резиденти

Акционерите правни лица – резиденти на Република Северна Македонија, како и акционерите правни и физички лица – странски резиденти, се повикуваат да достават податоци за банкарската сметка најдоцна до 13.09.2023 година на која ќе се изврши трансферот на пари по основ на исплата на дивиденда.

Покрај податоците за банкарските сметки:

Странските правни лица се повикуваат да достават „Потврда за резидентен статус”, заверена од надлежниот даночен орган на странската држава чијшто резидент е правното лице, најдоцна еден ден пред исплатата на дивидендата,

Странските физички лица се повикуваат да достават Единствен даночен број (ЕДБ) за нивна даночна регистрација во Република Северна Македонија, најдоцна до 13.09.2023 година.

Бараните податоци треба да се достават на следнава адреса:


Македонски Телеком АД – Скопје
Со назнака: До Сектор за контрола, сметководство и даноци
„Кеј 13-ти Ноември“ број 6, 1000 Скопје, Република Северна Македонија
Телефони за контакт: + 389 70 200 919/+ 389 71 200 553


Важна напомена

Во согласност со законските прописи во Република Северна Македонија, Македонски Телеком АД – Скопје, од бруто износот на дивидендата по акција од 19,34 денари: а) при исплатата на физичките лица, ќе задржи и ќе уплати 10% данок на личен доход; б) при исплатата на странските правни лица, ќе задржи и ќе уплати 10% данок по задршка (каде што е применливо).

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП