5 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„HP“ мака мачи со слабиот пазар на компјутери

„HP“ мака мачи со слабиот пазар на компјутери

„HP“ ја намали прогнозата за профитот за целата година бидејќи се бори со падот во сегментот на персонални компјутери долг повеќе од една година и слабата побарувачка на клучниот пазар во Кина, пренесува „Reuters“.

Акциите на компанијата со седиште во Пало Алто, Калифорнија паднаа за 5,2 отсто во тргувањето после работното време.

Инфлацијата и неизвесноста околу глобалната економија предизвикаа пад на побарувачката за потрошувачка електроника, вклучително и персонални компјутери, минатата година. Тие, исто така, доведоа до создавање на повеќе залихи во синџирот на снабдување.

„Иако очекуваме уште еден квартал на постојан раст во четвртиот квартал, надворешното опкружување не се подобри толку брзо како што се очекуваше, и како резултат на тоа ги намалуваме нашите очекувања“, објави извршниот директор на „HP“, Енрике Лорес.

Продажбата на компјутери во Кина, вклучително и десктоп компјутери, преносни компјутери и работни станици, падна за 19% во изминатите неколку месеци, бидејќи регионот останува внимателен во однос на трошењето на информатичката технологија, според аналитичката компанија „Canalys“.

„Не гледаме дека ова (закрепнувањето во Кина) ќе се случува наскоро. И во оваа фаза, ние не го вклучуваме ова закрепнување во ниту еден од нашите планови“, додаде Лорес.

„HP“ сега предвидува приспособена заработка по акција во опсег од 3,23 до 3,25 долари, што е намалување од претходно очекуваните 3,30 до 3,50 долари.

Приходите на компанијата во третиот квартал паднаа за 9,9 отсто на 13,20 милијарди долари, во споредба со 13,37 милијарди долари што ги очекуваа аналитичарите, покажаа податоците на „Refinitiv“.

Сепак, фокусот на контролирање на трошоците му помогна на производителот на персонални компјутери да пријави приспособена заработка од 86 центи по акција, во согласност со проценките на аналитичарите.

Вкупните расходи се намалени за 8,6% во однос на претходната година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП