Шефот на руската паравоена групација „Вагнер“ Евгениј Пригожин наводно загинал денеска откако неговиот приватен авион се урна во руската област Твер, соопшти руската Федерална управа за авијација.
– Покрената е истрага за падот на авионот Ембраер, што се случи вечерва во регионот Твер. На списокот на патници е и Евгениј Пригожин – се наведува во соопштението, пренесува ТАС.

