27 април, 2024
ПочетнаАВТОБИЗRenault подготвува хибриден погон

Renault подготвува хибриден погон

renault_initialeparis

„Renault“ работи на хибриднии технологии, вклучувајќи и „plug-in“ хибриден мотор кој би може да го понуди во своите патнички автомобили до крајот на оваа деценија.

Марк Бодан, директорот на секторот за погонски единици во оваа компанија, изјави дека „Renault“ ја разгледува можноста за постепено воведување на хибридните погони во своите модели до 2020-та година.

Овој процес во моментов е во фаза на разгледување, а тоа го потврдил портпаролот на француската компанија.

„Ние допрва треба да ја донесеме одлуката за тоа дали ќе лансираме хибриден автомобил“, вели портпаролот. Тој додава дека овој производител работи на поширок спектар на хибридната технологија, вклучувајќи го и комплетниот „plug-in“ погон.

Портпаролот изјавил дека „Renault“ развива и хибридна технологија за својата марка „Dacia“.

„Сакаме нашата технологија да биде достапна, па нормално ќе понудиме и хибриден модел на „Dacia“ како алтернатива, ако „Renault“ некогаш одлучи да лансира хибридни автомобили“.

Хибридната технологија тие ја развиваат во соработка со стратешкиот партнер „Nissan“, кој има во план да ги претстави своите први хибридни модели во Европа до 2014-та.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП