4 мај, 2024
ПочетнаСВЕТМОСКВА ВО ШОК И ПАНИКА: Украинците го погодија строгиот центар на градот

МОСКВА ВО ШОК И ПАНИКА: Украинците го погодија строгиот центар на градот

Во главниот град на Русија утрото на 18 август повторно одекнаа експлозии, овој пат околу 4 часот наутро, во близина на деловниот центар „Москва Сити“ во областа на кулите „Еволуција“ и „Федерација“.

Во тој дел на Москва се наоѓаат канцелариите на три министерства на Руската Федерација: Министерството за економски развој, Министерството за индустрија и трговија и Министерството за дигитални прашања.

На аеродромите Внуково, Домодедово, Шереметјево и Жуковски важеа ограничувања за летови во утринските часови, а подоцна аеродромите повторно ќе почнат да работат нормално, соопшти Федералната агенција за воздушен транспорт.

На социјалните мрежи може да се види видео од моментот на експлозијата кај „Москва Сити“.

Беше прикажано и видео кое ги прикажува последиците од падот на дрон во областа „Москва Сити“. На видеото се гледа оштетениот покрив на еден од павилјоните на Експоцентар. Остатоците од дронот и делови од зградата се расфрлани наоколу.

„Имаше експлозија. Видов експлозија. Седам и чекам да се раздени“, раскажува Русинка која ја дочекала зората во една од кулите на „Москва Сити“ и со свои очи ја гледала експлозијата.

Според девојката, се гледал само блесок, проследен со сив чад.

“Блесок – по 2 секунди експлозии помислив дека кулата ни е крената во воздух. Мислев дека сега само ќе летаме во воздух. Многу е страшно, колената уште ми се тресат”, вели русинката.

Друг очевидец работел во локална институција во моментот на експлозијата и го гледал дронот како лета над Кутузовски Проспект. „Птицата“ наликуваше на мал дрон 1,5 м на 1,5 м.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП