7 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗСепак, „Mercedes“ нема да го врати V8 за „AMG C 63“ и...

Сепак, „Mercedes“ нема да го врати V8 за „AMG C 63“ и „E 63“

Непосредно пред објавувањето, „Car and Driver“ објавија дека „Mercedes“ одлучил да го врати V8 моторот за своите модели „C 63“ и „E 63“ веќе во 2026-та година. Причината е слабата продажба на првиот од двата модели (новата генерација на вториот сѐ уште не е излезен), особено на германскиот пазар, каде дилерите се жалат на „нула интерес“ за спортскиот седан.

Од „Mercedes“ сѐ уште нема официјална реакција, но според информациите на „Auto Motor und Sport“, 8-цилиндричниот мотор сепак нема да се врати. Изданието цитираше официјален претставник на компанијата запознаен со развојот на нов производ, кој ги нарече тврдењата „чиста глупост“. А тоа значи дека предводникот на семејството „C-Class“ ќе го задржи „plug-in“ хибридниот погон со 4 цилиндри.

Со врвната верзија на „E-Class“, може да има промени во плановите и „E63 AMG“ да добие 6-цилиндричен мотор. Сепак, нема шанси V8 да се врати, барем за земјите од ЕУ каде што строгите регулативи за емисии ги спречуваат производителите да продаваат автомобили со мотори со голема зафатнина.

Со усвојувањето на стандардот Еуро 7 што треба да стапи на сила во 2025-та година, иднината на големите мотори со внатрешно согорување изгледа мрачна. Проблем е што се зголемуваат и даноците на автомобилите со вакви единици, што дополнително ќе ја отежне нивната продажба.

„Луѓето брзо ги критикуваа производителите на автомобили за отстранување на цилиндрите и додавање на хибридизација, нов е единствениот начин да се одржат такви автомобили во живот. Да, четирицилиндричен „AMG C63“ е тешко продаван, но сепак е подобро да го имаш отколку воопшто да го немаш“, велат експертите од индустријата.

„BMW M“ веќе објави дека сите модели од следната генерација ќе бидат електрифицирани до одреден степен, а „Audi Sport“ наскоро ќе престане да нуди чистокрвни автомобили „RS“. Продажбата на спортски автомобили надвор од ЕУ, каде што има помалку строги регулативи за емисиите се чини невозможна, бидејќи Европа е огромен пазар за „Mercedes“ и неговите два германски ривали, а пазарот ќе биде значително помал по отстранувањето на земјите од еврозоната од равенката.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП