3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТБугарски крипто-милионер убиен и распарчен во Софија

Бугарски крипто-милионер убиен и распарчен во Софија

Распарченото тело на магнат на криптовалути е пронајдено во главниот град Софија, пишува „Њузвик“. Посмртните останки на 41-годишниот Кристијан Пеев, кој имал американско и бугарско државјанство, биле пронајдени во тоалет од водоводџии, кои биле повикани да расчистат блокиран одвод, објави британски „Мирор“.

Пеев дипломирал на американски универзитет и го изградил своето богатство преку крипто-инвестиции. Инспекторите веруваат дека тој бил убиен во периодот од 8 до 9 август, а дека убиецот е Веско Валчинов, со кого се запознал пред шест години. Локалните медиуми објавија дека убиецот ја убил својата жртва и го исекол телото во бањата пред да фрли некои од деловите во тоалетот.

Инспекторите го пронашле местото на злосторството откога провериле два телефона на Пеев, чиј брат го пријавил за исчезнат на 10 август. На денот кога исчезнал бил во контакт со Валчинов. На снимката од надзорните камери наводно се гледа како Пеев и Валчинов влегуваат во станбената зграда на осомничениот убиец на 8 август, а Валчинов самиот излегува од зградата следниот ден.

Уапсен е уште еден човек, Константин Суботинов, кој наводно на полицијата ѝ рекол дека му помогнал на убиецот да ги скрие деловите од телото на жртвата возејќи ги во софискиот кварт Витоша, каде што бил уапсен Валчинов. Бугарските медиуми објавија дека Пеев му помагал на Валчинов со крипто-инвестиции сугерирајќи дека убиството било мотивирано од пари.

Пеев е вториот крипто-милионер што е пронајден мртов во рок од еден месец. Деловите од телото на Фернандо Перез Алгаба беа пронајдени во црвен ковчег фрлен во Буенос Аирес на 23 јули откога тој исчезна пет дена претходно.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП