24 мај, 2024
ПочетнаАВТОБИЗДо крајот на годината Кина ќе стане најголемиот извозник на автомобили во...

До крајот на годината Кина ќе стане најголемиот извозник на автомобили во светот

Минатата година Кина ја престигна Германија и стана втор најголем извозник на автомобили во светот.

Кина е на пат да ја престигне Јапонија и да стане најголем извозник на автомобили во светот до крајот на годината, се вели во најновиот извештај на “Мудис аналитик”.

Во вториот квартал, Кина го намали јазот со Јапонија на околу 70.000 автомобили месечно, додека во истиот период минатата година заостана повеќе од 170.000. Извозот на автомобили во Кина, наводно, е поттикнат од зголемената побарувачка за електрични автомобили во Русија.

Минатата година Кина ја престигна Германија и стана втор најголем извозник на автомобили во светот.

„Кина ја помина Јужна Кореја во 2021 година и Германија во 2022 година, со што стана втор по големина извозник на автомобили“, се вели во извештајот на познатата агенција за кредитен рејтинг.

Економистите на Мудис го препишуваат зголемениот извоз на автомобили од Кина на поголемата побарувачка за електрични возила, истакнувајќи дека продажбата во таа земја се удвоила од година во година во првата половина на 2023 година.

Зголемувањето на побарувачката за електрични возила го турна вкупниот извоз на автомобили во Кина над нивото пред коронавирусот.

Ако продолжи со ова темпо, Кина до крајот на годината ќе ја престигне Јапонија, која е на врвот на светската листа на извозници на автомобили од 2019 година.

Кина произведува повеќе од половина од светската понуда на литиум-јонски батерии и земјата е дом на повеќе од половина од глобалниот капацитет за преработка на литиум. Овие два значајни фактори секако им даваат предност на кинеските производители во однос на другите конкуренти во светот, според Мудис, чии економисти истакнуваат дека „брзината со која Кина ги усвои новите технологии во автомобилската индустрија е неспоредлива“.

Продажбата на електрични возила, според Меѓународната агенција за енергија, е зголемена за повеќе од 10 милиони, а Кина зазема околу 60 отсто од пазарот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП