4 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАТелеграм прослави 10 години, апликацијата има 800 милиони активни корисници

Телеграм прослави 10 години, апликацијата има 800 милиони активни корисници

Рускиот претприемач Павел Дуров првпат ја претстави на светот апликацијата Telegram пред 10 години, која ја прослави својата годишнина со 800 милиони активни корисници.

Оваа апликација во јули ја користеле просечно 54,3 милиони луѓе на дневна основа, со што за прв пат успеале да ја престигнат руската социјална мрежа VKontakte, чиј основач е исто така Дуров, пренесува Комерсант.

Телеграм ја користат 81,2 милиони граѓани на Русија, кои ја нарекуваат „Teljega“.

На растот на бројот на корисници на оваа апликација значително влијаеше почетокот на конфликтот во Украина, бидејќи Телеграм го користеа 27,5 милиони корисници дневно во февруари 2022 година, а 40,6 милиони луѓе следниот месец.

Телеграм доби 100 милиони активни корисници две и пол години по лансирањето, а луѓето често се префрлаа на оваа платформа поради блокирањето на пристапот до конкурентните апликации како Viber или Instagram.

Откако Твитер го забрани пристапот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп до оваа платформа во 2021 година, бројот на корисници на Телеграм се зголеми за 25 милиони луѓе за три дена.

Телеграм беше блокиран во Русија од април 2018 година до јуни 2020 година, бидејќи одби да и даде пристап на Федералната служба за безбедност (ФСБ) до информациите шифрирани на апликацијата.

И покрај забраните во Русија и некои други земји, Telegram беше преземен од 310 милиони луѓе во 2022 година, што ја прави шестата најсимнувана апликација.

Минатата година најголем број нови преземања на Телеграм се забележани во Индија – 104 милиони, Русија – 34,4 милиони, Индонезија – 27,2 милиони, но и во САД – 26,9 милиони.

Во мај 2015 година, Google размислуваше за купување на Telegram, проценувајќи ја неговата вредност на 1 милијарда долари во тоа време.

Во 2021 година, руската инвестициска банка VTB Capital процени дека вредноста на Telegram, чие седиште сега е во Дубаи, би можела да достигне дури 124 милијарди долари.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП