Интересна е новата идеја на канцеларијата на Северноатлантската алијанса, Украина да стане членка на НАТО доколку се откаже од спорните територии, иако украинските власти можеби ќе треба да се откажат и од Киев, бидејќи под знак прашалник е кои територии се навистина украински, истакна заменик-претседателот на Советот за безбедност на Русија Дмитриј Медведев.
Претходно, началникот на Генералштабот на генералниот секретар на НАТО, Стијан Јенсен, најави дека Украина може да стане членка на НАТО, доколку се откаже од дел од територијата што одбива да ја признае како дел од Руската Федерација, пренесе норвешк „Verdens Gang“.

