2 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГД Гранит АД Скопје со зголемени приходи и добивка во првото полугодие

ГД Гранит АД Скопје со зголемени приходи и добивка во првото полугодие

ГД Гранит АД Скопје во периодот Јануари – Јуни 2023 година оствари консолидирана добивка во износ од 71,620 илјади денари, што споредено со истиот период 2022 година бележи зголемување за 34%.

Вкупни приходи

Остварените консолидирани вкупни приходи во периодот Јануари – Јуни 2023 година изнесуваат 2,362,320 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022  година бележат зголемување за 14%.

Приходите од продажба за периодот Јануари – Јуни 2023 година изнесуваат 2,249,303 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат зголемување за 18%.

Финансиските приходи за периодот Јануари – Јуни 2023 година изнесуваат 60,736 илјади денари и во споредба со остварените во истиот период 2022 година бележат намалување за 17%.

Вкупни расходи

Остварените консолидирани вкупни расходи во периодот Јануари – Јуни 2023 година се во износ од  2,290,700 илјади денари,  споредено  со истиот период 2022 година бележат  зголемување за 13% . 

Трошоците за вработени се зголемени за 5% во однос на минатата година, додека останатите трошоци од работењето се намалени за 8%.

Трошоците за услуги се зголемени во однос на претходната година за 38%.

Финансискиот извештај можете да го погледнете тука.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП