27 април, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈА„Android 14“ ќе ја реши оваа многу досадна работа на вашиот мобилен...

„Android 14“ ќе ја реши оваа многу досадна работа на вашиот мобилен телефон

„Google“ најавува значителни промени во претстојниот оперативен систем „Android 14“. Една од најважните работи што ќе ги донесе новиот оперативен систем е корисничката контрола врз тоа кои апликации можат да прикажуваат содржина на цел екран.

Целта на оваа функција е да ги заштити корисниците од светкавите реклами кои го зафаќаат целиот екран, што е вообичаена практика на многу апликации.

Поточно, дозволата со име „USE_FULL_SCREEN_INTENT“ ќе биде предмет на промена. Оваа дозвола им овозможи на апликациите, како што се оние за прикажување дојдовни повици или аларми, целосно да го користат екранот.

Со новото издание на „Android“, корисниците ќе можат да одлучат кои апликации можат да ја користат оваа функционалност. Покрај тоа, „Google“ планира до крајот на 2023-та година, на сите новоинсталирани апликации од „Play Store“ на „Android 14“ оваа дозвола стандардно да биде исклучена.

Единствен исклучок ќе бидат апликациите наменети за управување со повици и аларми. Управувањето со овие поставки ќе биде можно преку соодветниот кориснички интерфејс.

Важно е да се напомене дека корисниците кои се надградуваат на „Android 14“ ќе треба рачно да ги приспособат овие поставки за веќе инсталираните апликации.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП