6 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАНов неочекуван трошок за сите што планираат одмор во Грција во септември

Нов неочекуван трошок за сите што планираат одмор во Грција во септември

Следното лето, доколку планирате со автомобил да заминете на одмор во соседна Грција, потребно е да знаете дека целото патување ќе ве чини за нијанса повеќе пари од оние патувања на коишто сте навикнале.

Имено, како што објавија грчките медиуми, се крчка големо поскапување на патарините во Грција, а новите цени ќе бидат активирани уште веќе од следниот месец.

Ваквата одлука на концесионерите на главните грчки автопати предизвика остра реакција кај грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт, но по сè изгледа, поскапувањето на патарините не може да се спречи.

Во соопштението на ресорното Министерство, цитирано од АНА-МПА, се вели дека треба да се најде реално решение без да се оптоваруваат граѓаните во 2023 година и се нагласува дека државата ќе ги исцрпи сите опции што ѝ се на располагање за да ги запре едностраните дејствија на компаниите.

На 3 јули годинава концесионерите побарале средба во Министерството за да се разговара за ажурирање на патарините врз основа на концесиските договори.

Како што објавија грчките медиуми, одржани биле две средби, на 18 и на 24 јули, на кои се разговарало за алтернативни сценарија за изнаоѓање решение кое нема да биде товар за граѓаните.

Министерството било изненадено кога на 28 јули пристигнал допис во кој концесионерите се изјасниле дека имаат намера да продолжат со значително зголемување на патарините.

Според најавите, барањето на концесионерите е поскапувањето на некои наплатни пунктови да изнесува 16 проценти.

Па така, ако една патарина сега во просек чини околу 3 евра, новата цена по поскапувањето ќе изнесува 3.50 евра.

На македонските граѓани, кои редовно одат на летување во Грција, ваквата информација, секако, не им се допадна.

-Патарините и сега се прилично скапи, особено за оние кои често ги користат грчките автопати. Ние имаме апартман во Неи Пори и викендите најчесто ги минуваме таму. Само до Неи Пори плаќаме три патарини, а две најчесто ги избегнјуваме и возиме по стариот пат. Обично, цената на патарините се движи од 2 до 3.50 евра, а поскапувањето не би требало да е поголемо од половина евро. Како и да е, ние можеме да се жалиме колку што сакаме, ама не можеме да влијаеме врз одлуката. Како ќе речат, така ќе правиме – вели Зоран Р. од Скопје.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП