3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИБесплатни дигитални услуги - Дел од поволностите за клиентите по повод 75...

Бесплатни дигитални услуги – Дел од поволностите за клиентите по повод 75 години Стопанска

По повод големиот јубилеј, 75 години постоење, Стопанска банка а.д. Битола спроведува низа промоции наменети за различни групи на клиенти. Овие промоции опфаќаат различни типови на услуги кои согласно таргет групата се нудат на клиентите со посебни поволности.

Почнувајќи од месец јуни, одбележувањето на овој голем јубилеј започна со воведувањето на исклучително поволниот денарски депозит со каматна стапка 4,5% и рок на орочување 45 месеци. Оваа атрактивна каматна стапка се нуди на сите постоечки и нови клиенти кои ќе одлучат да ги орочат средствата во банката за време на промотивниот период.

Посебни промотивни пакети со поволности се активни и за правните лица – клиенти на банката, за клиентите кои полнат 75 години подготвена е посебна роденденска промоција, а за младите од 18-25 години подготвен е бесплатен пакет за млади.

Во истата насока, дигиталните услуги – електронско и мобилно банкарство BANK2GO на Стопанска банка а.д. Битола кои непречено им обезбедуваат можност на клиентите за брзо, сигурно и едноставно вршење на сите банкарски активности, по повод јубилејот 75 години постоење се бесплатни до 31.12.2023 години за сите нови корисници.

За активирање на електронското банкарство потребно е да се обратите во било која од експозитурите на Стопанска банка а.д. Битола додека мобилната апликација BANK2GO е достапна за сите корисници на Android и iOS.

Активностите кои го одбележуваат овој голем јубилеј се поволности со кои Стопанска банка а.д. Битола ја наградува лојалноста на своите клиенти и ја докажува својата континуирана посветеност и грижа за нивните потреби, како во изминатите 75 години, така и денес.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП