22 мај, 2024
ПочетнаСВЕТГолема реформа во руското војување: Од Циркон нема одбрана

Голема реформа во руското војување: Од Циркон нема одбрана

Русија опремува нови нуклеарни подморници со хиперсонични ракети Циркон, соопшти главниот московски бродоградител.

„Повеќенаменските нуклеарни подморници од проектот „Јасен-М“ ќе бидат опремени со ракетниот систем „Циркон“, изјави Алексеј Рахманов, извршен директор на Обединетата бродоградба, а пренесува Скај њуз.

Подморниците Јасен-М се новата руска флота од подморници со крстосувачки ракети со нуклеарен погон, кои треба да ги заменат подморниците од советската ера како дел од модернизацијата на морнарицата.

Хиперсоничните ракети „ Циркон“ имаат дострел од 900 километри и можат да патуваат со неколку пати поголема брзина од звукот, што ја отежнува одбраната од нив.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП