17 мај, 2024
ПочетнаТЕХНОЛОГИЈАДоаѓа промена кај iPhone која ќе изиритира многумина

Доаѓа промена кај iPhone која ќе изиритира многумина

Apple iOS 17 ќе имплементира едно од најголемите ажурирања на iPhone во последните години.

Меѓу другото, новото ажурирање носи транскрипција на говорна пошта во реално време, „контактни постери“ кои ќе им овозможат на корисниците да ја изберат фотографијата што се појавува кога ќе ги повикаат контактите кои имаат iPhone и нов кориснички интерфејс.

Но, на социјалните мрежи најголемо внимание привлече информацијата за преместување на иконата за завршување повици.

Имено, во бета верзиите на iOS 17, Apple ја помести иконата „End call“. Сега таа опција е преместена во долниот десен агол на екранот, додека досега беше во средината на долната третина од екранот. Многумина веќе се жалат дека тоа ќе им направи големи проблеми на почетокот.

„Веќе гледам дека автоматски ќе кликнам на старото место“, „Ќе требаат месеци да се навикнам“, „Какви проблеми ќе имам со прекинувањето“, пишуваат луѓето.

iOS 17 ќе биде лансиран во текот на есента, по објавувањето на новите модели на iPhone.

Ова не е прв пат Apple да го обнови корисничкиот интерфејс за да ги стави главните копчиња поблиску до дното на телефонот, особено кога екраните на телефонот стануваат се поголеми.

Во 2012 година, Apple го промени својот прелистувач Safari во iOS 15 бета верзијата за да го премести полето за URL до дното и да го ажурира дизајнот. Сепак, до моментот кога беше објавена конечната верзија во септември, Apple го усогласи дизајнот, промени некои работи и им даде на корисниците опција да го преместат полето URL назад на врвот на страницата.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП