3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТВОДАМ ЉУБОВ СО МАЖИ! Откриена е содржината на писмото кое Обама пред...

ВОДАМ ЉУБОВ СО МАЖИ! Откриена е содржината на писмото кое Обама пред 40 години и го испратил на една девојка

Поранешниот американски претседател Барак Обама пред 40 години во писмо до својата поранешна девојка напишал дека „води љубов со мажи секој ден, но во својата имагинација“.

Обама во писмото до девојката кога имал 21 година напишал дека водел љубов со мажи секој ден, но во неговата имагинација, се вели во редактираниот дел од сега злогласното писмо од 1982 година до кое дојде „Њујорк пост“.

Неодамна се појави писмо старо повеќе од 40 години до поранешна девојка, откако биографот на Обама Дејвид Гароу даде долго интервју за поранешниот американски претседател.

-Во однос на хомосексуалноста, морам да кажам дека верувам дека тоа е обид да се дистанцираме од сегашноста, можеби и одбивање да ја продолжиме бескрајната фарса на земниот живот. Гледате, јас водам љубов со мажи секој ден, но во мојата имагинација – напиша Обама во писмото до Алекс Мекнер во ноември 1982 година.

Обама исто така изјави дека неговиот ум е многу андроген.

Мекнер, која се забавуваше со Обама додека оделе на колеџот во Лос Анџелес, подоцна ги редактираше „грдите“ параграфи што историчарот Гароу, добитник на Пулицерова награда, ги вклучи во својата книга „Ѕвезда во подем“.

Писмото моментално е во сопственост на Универзитетот Емори во Атланта, Џорџија, САД, кој не дозволува негово фотографирање или отстранување.

Пријателот на Гароу, Харви Клер, рачно препишал пасуси и му ги испратил на авторот, а до New York Post доставил уреден дел од писмото.

Гароу рече дека нема ништо необично во младешките размислувања на Обама.

Обама се ожени со Мишел Обама во 1992 година и имаат две деца.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП