6 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИ„Panasonic“ забележа раст на профитот и ја задржа прогнозата

„Panasonic“ забележа раст на профитот и ја задржа прогнозата

Јапонскиот гигант „Panasonic Holdings“ објави пораст на профитот од 42 отсто за својот фискален прв квартал, поттикнат од слабиот јен и посилната продажба во автомобилскиот и енергетскиот сегмент. Во исто време, компанијата ја задржа годишната прогноза.

„Panasonic“, чија енергетска единица произведува батерии за „Tesla“, рече дека нејзиниот оперативен профит достигна 90,37 милијарди јени (637 милиони долари) во трите месеци до крајот на јуни. Просечната прогноза на 11 аналитичари анкетирани од „Refinitiv“ беше за 91,18 милијарди јени.

Одделот за батерии „Panasonic Energy“ и „Subaru“ соопштија дека влегле во разговори за формирање на партнерство за снабдување на батерии за електрични возила. Благодарение на него, јапонскиот производител на автомобили ќе добие цилиндрични литиум-јонски батерии.

„Panasonic“, чии производи се движат од потрошувачка електроника до роботи за испорака до различни системи и камери, ја задржа својата годишна прогноза за профит од 430 милијарди јени.

За споредба, просечната прогноза на 20 аналитичари анкетирани од „Refinitiv“ беше за 413,96 милијарди јени.

Во јуни, главниот технолошки директор на единицата за батерии на „Panasonic“ изјави дека единицата ќе треба да изгради уште четири фабрики за да ја исполни целта за значителен раст на годишниот капацитет на батериите за електрични автомобили до 2031-ва година.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП