2 мај, 2024
ПочетнаСВЕТЛукашенко: Наредив владата да ги обнови контактите со Полска

Лукашенко: Наредив владата да ги обнови контактите со Полска

Претседателот на Белорусија Александар Лукашенко објави дека и наредил на својата влада да ги обнови контактите со Варшава, во услови на гранични тензии со соседна земја и членка на НАТО.

„Неопходно е да се разговара со Полјаците. Му наредив на премиерот да контактира со нив“, рече тој, пренесе новинската агенција Белта.

Тензиите меѓу Минск и Варшава моментално се високи бидејќи Полска финансиски и воено му помага на Киев, додека Белорусија е сојузник на Москва.

Полска вчера објави дека има намера да распореди околу 10.000 војници како „одвраќање“ за одбрана на својата источна граница со Белорусија.

Лукашенко ги обвини САД дека ја користат Полска за да ги разгорат тензиите во регионот.

Според Лукашенка, полската влада сака „ескалација за да ја влоши ситуацијата и да покаже дека било правилно да се вооружи земјата“.

Иако изјави и дека е отворен за соработка, Александар Лукашенко директно ги обвини Американците дека ја користат Полска за да ги разгорат тензиите во регионот.

Полска неодамна предупреди на заканата од провокации од Белорусија и потенцијалната опасност од доаѓањето на руската платеничка група Вагнер во таа земја.

Варшава, исто така, ги обвинува Минск и Москва дека организираат нов прилив на мигранти во Европската унија за да го дестабилизираат регионот.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП