3 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИПриходите на „Alibaba“ повторно бележат раст

Приходите на „Alibaba“ повторно бележат раст

Кинескиот гигант за е-трговија „Alibaba“ соопшти дека неговите приходи пораснале за 14% на годишно ниво во кварталот што заврши на 30-ти јуни, пренесува „CNBC“. Тоа беше најголемото годишно зголемување на приходите од кварталот до септември 2021-ва година, според податоците на „Refinitiv“.

Како резултат на веста, цената на акциите на компанијата со кои се тргува во САД порасна за 4,5% пред почетокот на трговскиот ден.

Приходите на „Alibaba“ достигнаа 234,16 милијарди јуани (32,29 милијарди долари), додека аналитичарите очекуваа 224,92 милијарди јуани. Нето добивката за периодот беше 34,33 милијарди јуани, наспроти прогнозата од 28,66 милијарди јуани, што претставува раст од 51% на годишно ниво.

Основните бизниси на „Alibaba“ – „Taobao“ и „Tmall Group“ – забележаа раст на приходите од 12% на годишно ниво до 114,95 милијарди јуани во последниот квартал. Компанијата забележа дека апликацијата за онлајн шопинг „Taobao“ уживала зголемување од 6,5 отсто на дневни активни корисници во јуни во однос на претходната година.

Напорите на компанијата на странските пазари исто така ги зголемија резултатите. Приходите од меѓународната трговија скокнаа за 60 отсто на годишно ниво на 17,14 милијарди јуани.

Меѓународната побарувачка, исто така, ги поддржа приходите од логистичкиот бизнис на „Alibaba“, „Cainiao“, кој се зголеми за 34% на 23,156 милијарди јуани во последниот извештајен период.

Приходите од облак бизнисот на „Alibaba“ се зголемија за 4% на 25,12 милијарди јуани.

Резултатите од овој квартал се споредуваат со една година порано, кога Кина сè уште се бореше со пандемијата, а Шангај беше под двомесечна блокада.

Кинеската економија имаше мешани перформанси откако властите ги укинаа ограничувањата во декември. Инвеститорите очекуваа силно закрепнување, но побарувачката на домашните потрошувачи остана слаба. Оваа година, бруто домашниот производ во вториот квартал порасна побавно отколку што очекуваа аналитичарите.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП