9 мај, 2024
ПочетнаКОМПАНИИНови печатачи и персонални компјутери од HP (Hewlett-Packard) и на македонскиот пазар

Нови печатачи и персонални компјутери од HP (Hewlett-Packard) и на македонскиот пазар

hp3

За сите корисници на кои им е потребно едноставно решение за печатење, скенирање и копирање со најповолни цени, HP (Hewlett-Packard) нуди едноставни и сигурни решенија во своите најнови производи: HP Deskjet Ink Advantage 1015, HP Deskjet Ink Advantage 1515, HP Deskjet Ink Advantage 2545 и HP Deskjet Ink Advantage 2645.

Семејството печатачи HP Officejet Pro Х го револуционализира бизнис печатењето преку зголемување на продуктивноста, намалување на трошоците и промовирање на вредноста на инкџет технологијата на работното место.

Со новите печатачи им се нуди на потрошувачите за истиот квалитет да добијат двојно повеќе, односно двапати повеќе отпечатени примероци со ист квалитет како и претходно, а воедно со пониска цена, која се должи на поголемото полнење на кертриџот.

HP (Hewlett-Packard) неодамна презентираше нови производи, технологија и алатки кои се дизајнирани со цел да им помогнат на малите и средни претпријатија во подобрувањето на нивната продуктивност и поврзаност.

Практично, новиот производ – HP ProBook 400 Series е деловен преносен компјутер (notebook) кој има елегантен дизајн, голема издржливост на батеријата(1) и безбедносни решенија кои ги задоволуваат потребите во работењето.

hp2

Мобилното работење стана факт на животот за извршните директори. Нашето истражување покажа дека новите ИТ стилови управувани од конекцијата креираат поголеми очекувања од мобилните уреди” изјавија од HP (Hewlett-Packard). “Токму затоа HP (Hewlett-Packard) неодамна го претстави првиот преносен компјутер ElitePad 900 специјално дизајниран за бизнис корисниците, кој нуди исти перформанси и функционалност кои се очекувани од стандарден преносен персонален компјутер (notebook), со батерија која трае еден цел работен ден, наместо само неколку часа.

Интересно е истражувањето спроведено од страна на HP (Hewlett-Packard) кое покажува дека европските деловни патници станаа “точно на време – подвижни извршители на својата работа”, со потврда од дури 93% дека сопствените подготовки за состанок ги прават додека патуваат.

Токму поради тоа HP (Hewlett-Packard) е компанија која била и ќе остане фокусирана на обезбедување технологии лесни за употреба кои ја подобруваат ефикасноста.

 

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП