28 април, 2024
ПочетнаКОМПАНИИГолема аукција на некогашниот Твитер: Од сината птица до слики, инструменти и...

Голема аукција на некогашниот Твитер: Од сината птица до слики, инструменти и масички за кафе

Сопственикот на платформата X, Илон Маск, реши да организира аукција на предмети поврзани со минатото на оваа компанија, која долги години беше позната како Твитер.

На аукцијата се понудени 584 артикли, а меѓу нив се и твитер таблите кои некогаш висеа на зградата на оваа компанија, како и масички за кафе, огромни кафези за птици или слики во масло, јавува Би-Би-Си.

Една од таблите на Твитер со познатото лого на сината птица се уште е прикачен на зградата на компанијата во Сан Франциско, но исто така е ставен на аукција, пренесува Танјуг.

Понудата вклучува и десетици маси и столови, штанд за диџеј и доволно музички инструменти за опремување на бенд.

Аукцијата се вика „Ребрендирање на Твитер: Онлајн аукција на сувенири, уметност, канцелариски материјали и повеќе!“

На аукцијата ќе бидат вклучени и две слики во масло од фотографии кои станаа познати на Твитер.

Првата е селфито на актерката Елен Деџенерис на Оскарите во 2014 година, на кое се прикажани многу холивудски ѕвезди како Бредли Купер, Мерил Стрип, Кевин Спејси или Џенифер Лоренс.

Втората е фотографија од поранешниот американски претседател Барак Обама кога беше реизбран на оваа функција во ноември 2012 година, а на неа се гледа како ја гушка сопругата Мишел.

Аукцијата започнува на 12 септември, а завршува два дена подоцна.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП