6 мај, 2024
ПочетнаМАКЕДОНИЈАДве лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Росоман

Две лица загинаа во тешка сообраќајна несреќа кај Росоман

Две лица загинаа, а неколкумина се повредени во тешката сообраќајна несреќа што се случи утрово на патот Градско-Прилеп кај Росоман, потврдија од МВР за „Макфакс“.

Во моментот се врши увид на лице место, а повеќе информации за состојбата на повредените ќе бидат познати во текот на денот.

Несреќата се случи утрово во 6.40 часот, по што сообраќајот е во прекин.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП