532. ден војна во Украина. Се бројат жртвите од руското гранатирање на Покровско. Украина тврди дека мета биле цивилни објекти, додека Русија тврди дека целите биле стратешки цели.
Официјален Киев тврди и дека е разоткриена женска шпионска мрежа која работи за Русија и приватната воена група „Вагнер“. Според тврдењата на службите, четири Украинки собирале разузнавачки информации за бројот на украинските војници и фотографирале воена опрема во регионот на Доњецк.

