7 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАВложувате 5.000 евра, а државата ви плаќа камата од 500 евра за...

Вложувате 5.000 евра, а државата ви плаќа камата од 500 евра за две години – зошто да купите државна обврзница?!

Турски државјанин слетал на аеродромот во Скопје и сакал да стапне на македонско тло без да им пријави на полициските и на царинските службеници дека во неговата црна рачна торба се наоѓаат 184 обврзници со вкупна вредност од 92 милиони долари.

Царинската управа веднаш ги запленила обврзниците, се пофали вчера директорот на оваа управа, Стефан Богоев.

Царинските службеници од царинската испостава Аеродром – Скопје запленија 184 обврзници со поединечна номинална вредност од 500.000 долари или со вкупна вредност од 92 милиони долари.

Обврзниците се пронајдени кај патник, турски државјанин, кој пристигнал со редовен лет од Истанбул и се определил да помине на „зелен канал“, како да нема стока за пријавување. Но, при контрола со скенер и дополнителна детална контрола, обврзниците се пронајдени во четири папки во црна рачна торба – изјави Богоев.

Тој не откри повеќе информации за потеклото на обврзниците, а македонските граѓани останаа без одговорени прашања за значењето и вредноста на обврзниците, како се купуваат обврзници, какво е нивното значење, како се пресметува каматата, кој може да купи државна обврзница…

Денар малку истражуваше и се обиде да даде одговор на најчесто поставуваните прашања на оваа тема:

Што е граѓанска обврзница?

Граѓанската обврзница е државна хартија од вредност која е исклучиво наменета за граѓаните – државјани на Република Северна Македонија. Кога Вие како граѓани купувате обврзница од државата, тоа значи дека на државата и давате одредена сума пари на одреден рок еднаков на рочноста на обврзницата, а државата ќе Ви ја врати таа сума на датумот на достасување на обврзницата и дополнително ќе Ви исплати годишна фиксна камата.

Како се пресметува каматата?

Купонската каматна стапка на 2-годишната граѓанска обврзница изнесува 5,00% и се исплаќа еднаш во годината. На пример: Доколку вложите 100.000 денари во граѓански обврзници, износот на купонската каматa на крајот на првата година ќе изнесува 5.000 денари. На крајот на втората година ќе Ви се исплати и втората купонска камата во износ од 5.000 денари, како и главницата од 100.000 денари (вложениот износ) или вкупно за 2 години 10.000 денари камата за инвестиција од 100.000 денари.

Кој е минималниот износ за купување на граѓанска обврзница?

Минималниот номинален износ на една граѓанска обврзница е 10.000 денари.

Како може да купам граѓанска обврзница?

Граѓанска обврзница може да купите доколку сте државјанин на Република Северна Македонија. Со посета на еден од шалтерите на сите комерцијални банки во државата на кој треба да пополните барање за учество на аукцијата и да извршите уплата на паричниот износ за кој сакате да купите граѓански обврзници.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП