3 мај, 2024
ПочетнаЕКОНОМИЈАСе ближи стартот на учебната година - родителите ќе „жртвуваат“ една плата

Се ближи стартот на учебната година – родителите ќе „жртвуваат“ една плата

Стартот на новата учебна година го празни домашниот буџет и им создава сериозни главоболки на родителите кои на своите деца треба да им овозможат школски прибор, тетратки, облека, патики…

Но, најновото истражување во САД им влева малку надеж на очајните родители, бидејќи резултатите покажуваат дека трошоците за стартот на учебната година ќе опаднат за првпат по цели 9 години.

Резултатите покажуваат дека вкупното пазарење школски работи ќе се намали на 31,2 милијарди долари на светско ниво, а тоа е намалување во поглед на потрошените 34,4 милијарди долари во 2022 година.

Според познавачите, родителите оваа година се очекува да потрошат 10 отсто помалку на училишен прибор во однос на ланската учебна година. Во просек, едно семејство ќе потроши околу 15.000 до 30.000 денари за целосно да го опреми своето дете за на училиште – од школски прибор до нова облека, обувки и компјутер.

Причината за ваквиот пад, се разбира, е инфлацијата, која ги натера родителите од сите нивоа на приходи да одвојуваат пари само за најпотребните и да ги прескокнат купувањата што не се неопходни, се вели во извештајот.

-Велат дека образованието во Македонија е бесплатно, ама нека нѐ прашаат нас родителите како врзуваме крај со крај пред секој нов почеток на учебната година. Потребни се тетратки, вежбалници, ранец за книги, моливи, пенкала, боички, а исто така потребна е нова гардероба, нови патики. Со оглед на тоа што наставните програми сѐ повеќе се одвиваат онлајн, потребни се и компјутери, па и принтери, бели листови… Навидум не изгледа толку страшно, ама парите си одат – раскажува Теона Васиќ од Автокоманда, мајка на третоодделенец.

Познавачите велат дека секое трето домаќинство е во полоша финансиска состојба од минатата година, а повеќе од 50 проценти од родителите изјавиле дека очекуваат слабеење на економијата на крајот на годината.

Според етаблираниот Ројтерс, пак, трошоците за училишен прибор се очекува да скокнат за 20 отсто, но трошоците за облека и за технологија ќе паднат за 14 отсто, односно за 13 отсто.

Б.З.М.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП