Халкбанк АД Скопје изврши зголемување на капиталот за нови 30 милиони евра, што претставува нова значајна докапитализација и изразена поддршка од главниот акционер на банката – Халкбанк АШ Турција.
Комисијата за хартии од вредност донесе Решение со кое е одобрена XХ-та емисија на хартии од вредност по пат на приватна понуда. Односно, Халкбанка А.Д. Скопје изврши зголемување на основната главнина со издавање на 184.500 обични акции со номинална и продажна вредност од 10.000,00 денари по акција или со вкупен износ на емисијата од 1.845.000.000 денари, а единствен купувач е матичната банка Халкбанк АШ Турција.

