3 мај, 2024
ПочетнаСВЕТСветот на нозе, боксерскиот меч меѓу Цукерберг и Маск ќе го гледаме...

Светот на нозе, боксерскиот меч меѓу Цукерберг и Маск ќе го гледаме во живо!

Сопственикот на компанијата „Х“, до неодамна „Твитер“, Илон Маск на социјалните мрежи објави дека мечот во кафез со генералниот директор на компанијата „Мета“ Марк Цукерберг ќе се пренесува во живо на платформата Х.

Двајцата бизнисмени и милијардери од јуни се предизвикуваат меѓусебно на социјалните мрежи и најавуваат натпревар во кафез со мешани боречки вештини во Лас Вегас.

-Борбата Зак против Маск ќе се емитува во живо на X. Сите приходи ќе бидат наменети за добротворни цели за воените ветерани – рече Маск во објавата на X, без дополнителни детали.

Тој претходно најави дека секој ден „крева тегови и се подготвува за борба“.

Кога еден корисник на платформата X праша што е поентата на таа борба, Маск одговори дека тоа е „цивилизирана форма на војна“.

– А мажите сакаат војна – заклучил Маск.

Во тој натпревар, според западните медиуми, Цукерберг е во предност бидејќи подолго време тренира бразилска џиу-џица. Дури се натпреварува во таа боречка вештина, а досега има освоено барем едно прво место на локален натпревар.

НАЈНОВИ ВЕСТИ

ХОРОСКОП